Парламентарни и претседателски избори ќе има во среда на 8-ми мај – изборите ќе бидат условени со влез на Бугарите во Устав?!

Не е утврден составот на групaта, но неофицијално, разговорите ќе бидат на потпретседателско ниво – од СДСМ Сања Лукаревска, а од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Ќе учествуваат претставници од ДУИ, од Алијанса за Албанците и од здружената албанска опозиција Демократско движење, Беса и Алтернатива.
Eдинствените термини за кои е можен евентуален договор помеѓу власта и опозицијата за оддржување на вториот круг од претседателските со парламентарните избори се 7 мај и 8 мај под услов Владата да остане на ставот дека двата изборни циклуси ќе бидат редовни. Претседателот на Собранието Талат Џафери веќе изјави дека 5 мај е единствениот датум на кој се среќаваат претседателските и парламентарните избори, но бидејќи е Велигден, останува изборите да бидат во работен ден во случај да се договорат. По одбивањето на лидерска средба на оваа тема со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, премиерот Димитар Ковачевски прифати работни групи да го договораат терминот за избори, но засега не е утврден составот на групите.
Неофицијално, разговорите за датум за изборите ќе бидат на потпретседателско ниво, односно тимот на СДСМ треба да го предводи заменик претседателката Сања Лукаревска, додека на чело на тимот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Александар Николоски. Во работната група ќе учествуваат претставници од ДУИ и Алијанса за Албанците и од здружената албанска опозиција Демократско движење, Беса и Алтернатива.
Ковачевски остави простор за договор за тајмингот на изборите, но не отстапува дека тие треба да бидат редовни.
– Во однос на тајмингот, тоа е нешто за што може да се разговара. Во однос на тоа во кој месец ќе бидат, тоа е во согласност со роковите во Собранието и тука треба да седнат претставници на политичките партии на работно ниво и да разговараат за деталите – рече Ковачевски во последната негова изјава.
Сепак, неизвесно е дали има простор за договор за датум за изборите, бидејќи, според информации од власта, можно е ако има двојни избори – на 7 или 8 мај – тие да бидат условени со претходно гласање на уставните измени.
Разидувања и во самата владина коалиција
Мицкоски, пак, како можен термин за двојни избори го предложи 28 април, што за власта засега е неприфатливо, бидејќи во таков случај парламентарните избори би биле предвремени.
– Многу е важно како ќе се организираме и како ќе ја организираме државата, бидејќи сме на четири месеци од изборна кампања. Мора да ги завршиме претседателските избори во април. Ако тој процес е успешен, претседател треба да има на 12 мај. Во принцип, две недели порано треба да заврши вториот круг, а тоа значи дека најдоцна треба да заврши вториот круг на 28 април, тогаш првиот круг би бил на 14 април – рече неодамна Мицкоски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, до 12 мај треба да има конституирано Собрание за да може да се одржи инаугуративната седница за новиот шеф на државата.
Освен разликите меѓу власта и опозицијата околу тоа дали изборите да бидат редовни или предвремени и дали треба да има двојни избори, разидувања за тоа прашање има и во самата владина коалиција. Наспроти позицијата на Ковачевски дека претседателските и парламентарните избори треба да се одвоени, на лидерот на владиниот партнер ДУИ, Али Ахмети, му е сеедно, бидејќи, како што изјави потпретседателот на партијата Бујар Османи, тие секако ќе победат. Помалиот владин партнер, Алијанса за Албанците, пак, исто како и Мицкоски, е за двојни избори.
Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари смета дека претседателските и парламентарните избори треба да се одржат на ист датум и дека има изгледи да се постигне консензус за ова прашање.
– Против сум опцијата претседателски во март или април, а во јуни или јули парламентарни. Тоа ќе биде голем трошок што ќе падне врз обичниот граѓанин. Народот е исцрпен и тоа се дополнителни трошоци. Одвоените избори непотребно ќе потрошат многу енергија и на народот и на политичките партии. Потребна е голема кондиција за да се издржат два круга избори за три месеци и тоа ќе генерира дополнителни трошоци – смета Таравари.
Тој додаде дека очекува решението да дојде од средби на заедничка маса, бидејќи, како што потенцира, за датумите за избори политичките партии досега се договарале и одлучувале со консензус.
На координацијата кај Џафери ни збор за избори
Во очекување да се сретне работната група за изборите, денеска за тоа не станало збор на редовната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери. Џафери претходно изјави дека роковите за редовни термини за изборите се прецизно пропишани со Устав и со закон, и дека има простор за договор, но само до крајот на годината.
– Претседателски избори во редовниот термин, според Изборниот законик, треба да се спроведат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Ако знаеме дека мандатот почнал на 12 мај со инаугурација на претседателот, петте години истекуваат на 12 мај. По 60 дена од тој мандат, сметајќи од 12 мај наназад, се совпаѓа со 14 март, што значи прв можен ден за гласање на наредни претседателски избори е 14 март. Последен можен термин за втор круг, а да е во рамки на последните 60 дена, се од 5 мај до 8 мај, затоа што по завршување на избори 48 часа е жалбената постапка додека не се потврди конечноста на гласањето. Тие би биле 9 мај и 10 мај, тоа се 48 часа, ако одиме на 8 мај, а 11 мај останува еден ден подготовка за инаугурација и на 12 мај да се изврши инаугурација. Меѓутоа, тоа е цајтнот – изјави неодамна Џафери.
Редовниот термин за парламентарни избори е во последните 90 дена од мандатот на пратениците, кој истекува на 4 август кога е конституиран последниот состав на Собранието.
– Бидејќи се врши изборот во последните 90 дена од мандатот, од 4 август кога ќе одите наназад 90 дена се совпаѓа со 5 мај. Прв ден што може да се гласа за парламентарни избори е 5 мај, бидејќи е еден круг последователно секој нареден ден до 15 јули. И последен ден за гласање за парламентарни избори во редовен термин е 15 јули. Кој било друг датум да е во опција пред 5 мај, претходно треба да има други постапки во смисла на Пржинска влада, во смисла на распуштање на Собранието и овие две работи треба да се имаат предвид – вели Џафери.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ватикан: Што значи Светата година 2025?
Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…
СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…
Jа клоцал, ја влечел за коса па…
Полицијата во Земун го уапси С. Н.…
Филипче: Остро ја осудувам стратегијата на ДУИ…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција…
„Росавијација“ ја објави причината за падот на…
Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската…