Објавено на:

Дeпopтираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен

t

Чешката тенисерка Рената Ворачова потврди дека ќе побара компензација од организаторите на Австралија опен по апсењето во Мелбурн поради истиот „престап“ како Новак Ѓоковиќ минатата недела и беше депортирана од Австралија.

За разлика од Ѓоковиќ, на Ворачова ѝ беше дозволен влез во Австралија со „медицински исклучок“ по неодамнешен позитивен тест, но откако играше на еден подготвителен турнир, таа беше уапсена и пратена во истиот центар за имигранти како и Ѓоковиќ. Таа реши да не се жали и во саботата беше депортирана од Австралија.


„Компензацијата нема да биде мала. Авиобилетот чинеше 60.000 чешки круни (2.460 евра), а мојот тренер патуваше со мене. Тука беа и потрошеното време, хотелите, тренинзите за гренд слемот, потенцијалната награда. Се надевам дека Тенис Австралија ќе биде фер и нема да треба да одиме на суд“, изјави 38-годишната Ворачова, која е рангирана на 82. место во двојки за чешкиот весник „Деник“.

Таа пристигна во Прага во понеделникот и вели дека ѝ се смачил тенисот.

„Воопшто не размислувам за тенис. Уште сум во шок, не сум размислила добро. Преуморна сум за тенис. Не очекував вакво нешто ни во најцрните соништа. Не се чувствував безбедно додека не се вратив. Како да гледав филм – долго испитување со инструкции како ‘облечи се, соблечи се’. Не сакам ниту да помислам на тоа повторно, а не да го проживеам“, додава Ворачова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Инцидент на Ролан Гарос: Бегу со…

Романската тенисерка Ирина Камелија Бегу е казнета…

Вимблдон го менува начинот на прогласување на…

Организаторите на најстариот Грен слем турнир, на…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…