Еве каде е денес најладно: Ова се температурите што не очекуваат за викендот

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврово каде што се измерени -16 степени, во Берово и Крушево -12, Крива Паланка -10, во Охрид о Прилеп – 9, Битола -8, Тетово, Штип и Виница -7, во Скопје, Демир Капија и Струмица -6, Дојран -3 и во Гевгелија -2 степена.
УХМР информира и дека на Попова Шапка има 65 сантиметри снег, во Крушево 63, а во Маврово снежната покривка е 51 сантиметра.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.
Во Скопје, сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со услови за провејување на слаб снег во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината. Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник и во деновите потоа, кога ќе преовладува сончево време со појава на мала до умерена локална облачност.
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗАУХМР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…
Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на…
Лукаревска: Не е патриотски да се бараат…
Треба да има лидерска средба, но на…
Тепачка на улица “Македонија”, употребени остри предмети
На 19.05.2022 во 21.40 часот во СВР…
Унгарија предлага ембарго на поморските пратки руска…
Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека…
Борел: Храната ќе станува се поскапа
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, уште…