Еврокомесарот Вархеји на средби во Скопје

t

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пристигна во Скопје. Тој претпладнево во Владата се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, а во моментов е на состанок со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Вархеји ќе се сретне и со шефот на дипломатијата Бујар Османи, а попладнево се очекува да оствари средби и со претставници на политички партии.


Вархеји пред денешната посета на Скопје, вчера од Софија порача прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање.

– Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира – а тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји, рече вчера Вархеји во обраќањето на Регионалниот форум за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија.

Вархеји вчера на средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера повтори дека на земјава и треба брзо, а не избрзано решение и оти остануваме на инсистирањето пред европските партнери час поскоро да почне првата меѓувладина конференција. За Ковачевски, не може популистичко-националистички реторики да бидат пречка за зачленување во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашата врска е на пауза, ова не…

Првата дама на Украина, Олена Зеленска (44),…

Од што ќе живеат тие луѓе? 27.167…

Мајската плата се уште ја чекаат 27.167…

И Бугарија има со што да “се…

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за…

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…

Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…