Објавено на:

Европа во ШОК: Орбан ќе стави вето на руските сакнции ? – политиката на Брисел кон Македонија им се удира од глава

t

На состанокот на Комитетот на постојаните претставници на земјите од ЕУ, Унгарија не го поддржа пакетот санкции против Руската Федерација, што ќе ги воведе Брисел како одговор на признавањето на „сепаратистичките региони во Унгарија“, објави ТВ каналот CNBC, повикувајќи се на неименувана ЕУ дипломат.

Дополнително Унгарија соопшти дека ќе ги премести војниците на исток од земјата во контекст на ситуацијата со Украина, бидејќи верува дека треба да биде подготвена за прилив на бегалци.


Санкциите ќе опфатат замрзнување на имотот и забранa за престој на 27 поединци и субјекти поврзани со руското признавање на териториите, како и сите 351 членови на рускиот парламент кои гласаа во понеделникот за признавање, изјавија дипломатски извори на ЕУ.

Некои од поединците кои ќе бидат наведени се руски функционери, но не и самиот руски претседател Владимир Путин или неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Унгарија како што велат дипломатски извори има резерва во нејзина согласност, во очекување на консултации со нејзината национална влада.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан имаше средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, уверувајќи го дека Унгарија „целосно го поддржува“ „територијалниот суверенитет и независност“ на Украина и дека ќе се вклучи во какви било заеднички акции на ЕУ за ублажување на конфликтот, се вели во твит од политичкиот директор на Орбан.

Дефакто политиката на ВЕТО би можела на Брисел да му се удри од глава ако било која од членките не даде согласност за постапките на Унијата во овие клучни моменти за континентот.

Да не заборавиме дека целиот европски врв истакна дека ветото на Бугарија за Македонија не може да се отстрани бидејќи тоа е едноставно механизмот на кој Европската Унија ги носи своите одлуки, едногласно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска ќе се одлучува за границите на…

Денеска ќе се знае какви ќе бидат…

Советот на амбасадори: Јазикот и историските прашања…

Советот на амбасадори, осврнувајќи се на постигнатите…

Ново поскапување?! РКЕ денеска одлучува за цените…

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува…

(Фото) Барајте алтернатива- Блокиран влезот на Скопје:…

Синдикалниот притисок за исполнување на нивните барања…

Метео: Сончево и многу топло време денеска…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и…