Објавено на:

Европската комисија ја тужи Бугарија

t

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската унија поради бугарскиот закон за социјални услуги, кој одредува максимално времетраење од шест месеци за обезбедување на времени социјални услуги.

Бугарскиот закон за социјални услуги е во спротивност со европското законодавство, објаснуваат од ЕК. Земјите од ЕУ не можат да постават максимален временски рок за привремени услуги. Концептот на привремено давање услуги се заснова на неколку различни индикатори, како што се времетраењето, редовноста, периодичноста или континуитетот на услугите. Државите не можат да бараат од економските оператори да основаат деловно место на нивната територија заради услуги, се додава во соопштението.

Во јули 2019 година, ЕК испрати прво официјално писмо за известување, проследено со образложено мислење во јули 2020 година. Бугарија го призна прекршувањето во 2020 година, но не презеде ништо за да се усогласи. Бидејќи Бугарија и понатаму ги прекршува правилата на ЕУ, комисијата одлучи да го поднесе предметот до Судот на правдата на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…