Објавено на:

„Европскиот мировен проект во Западен Балкан“: Без Западен Балкан ЕУ останува незавршена работа

t

Во спорот со соседна Бугарија правиме се што е во наша моќ да ги усогласиме нашите позиции и да го одблокираме нашиот пат на интеграција преку ново пријателство. Не сме уморни, не сме разочарани, нема да креваме раце, напротив сме мотивирани да ја надминеме оваа пречка и заедно со соседите од Западен Балкан да се најдеме себеси закотвени во пристаништето на ЕУ.
Но, ова закотвување мора да биде достоинствено, со целосно почитување на идентитетските, културните и јазичните дефиниции на нашите македонски сограѓани. Поинаку не може да биде.

Ова го порача вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на отворањето на сесијата нсловена „Европскиот мировен проект во Западен Балкан“ во рамки на вториот Преспа форум за дијалог што започна денеска во Охрид. Според него, денешниот форум се одржува во клучни околности за привршување на нашето патување на помирување, во последните денови од билатералниот дијалог, кој повторно го олеснуваат поддржувачите на нашата земја.

-Северна Македонија, оваа успешна приказна, е заедничка одговорност на сите нас, домашните сили, соседите, регионот, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, а за да добиеме полн погодок мораме да го направиме последниот чекор заедно, достоинствено, порача Груби.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас во обраќање на сесијата истакна дека навистина има успешни приказни на Балканот, а една од нив се односите на Грција и Северна Македонија и оти е невозможно да се замисли Европа без нејзиниот југоисточен регион.

-Југоисточна Европа општо и Западен Балкан поконкретно отсекогаш и припаѓале на Европа како што и другите делови од континентот, Западен Балкан искуси доста конфликти, тоа е добро познато, но географски, историски и културно регионот и припаѓа на Европа. Војната во Украина ја нагласи стратешката важност на односот меѓу ЕУ и Западен Балкан, но нагласи и дека ЕУ останува незавршена работа. Деветнаесет години по агендата од Солун 2003 година, ЕУ треба да направи се што може во овој дел, а партнерите треба да ги исполнат релевантните критериуми во согласност со критериумите и условеноста. Но истовремено ЕУ треба да го врати Западен Балкан на патот на којшто беше и тоа да го стори многу брзо .Грција се труди најмногу што може да придонесе кон овој колективен напор, рече Дендијас.

Тој ја повтори изјавата на премиерот Киријакос Мицотакис од 10 јуни дека во согласност со критериумите, треба да им се даде шанса за завршување на интеграцијата на ЗападенБалкан до 2033, која што е многу амбициозна, но достижна временска рамка. Предупреди и на влијанието на, како што вели, третите чинители во регионот.

-Би сакал да завршам со едно предупредување за влијанието на третите чинители во регионот, чинители коишто промовираат спротивставени агенди, такви агенди коишто се различни од европската агенда и се обид да ја поткопаат ЕУ и нејзините односи со Западен Балкан, па сите треба многу одблиску да соработуваме, за да можеме да го претвориме регионот во вистинско европско соседство, да го ставиме овој регион во европското семејство каде и всушност припаѓа, порача Дендијас.

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман истакна дека Хрватска ја поддржува европска перспектива на Северна Македонија и посочи дека би сакале да ја видат како дел од европското семејство, што го докажале во 2020 година додека претседаваа со ЕУ организирајќи Самит ЕУ – Западен Балкан. Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан останува од суштинско значење и многу е важно, нагласи, Северна Македонија да стане дел до европското семејство.

-Руската агресија врз Украина ја осветли всушност и ја извади на површина важноста на европската перспектива на Западниот Балкан и аспирациите на земјите од Западен Балкан за приклучување кон ЕУ. Новата политичка ситуација покажува дека постоечкото статус кво или застој повеќе не е одржливо ниту пак носи стабилност, следствено потребна е нова стратешка визија за иднината на регионот не само да се гарантира стабилност, туку и во целите на регионалната демократизација и стопански развој. Идното членство во ЕУ на Западниот Балкан е навистина во политички, безбедносен, економски интерес на ЕУ, рече Грлиќ Радман

Ален Лероа осврнувајќи се на идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за европска политичка заедница истакна дека не се работи за алтернатива на членството во ЕУ и не е замена за процесот на проширување.

-Идејата е да се соберат на едно место сите земји од европскиот континент, кои се опфатени со процесот на проширување или кои излегле од ЕУ, не се членки на ЕУ, но имаат политичка волја за одредено прашање и за тоа ќе зборуваме следната недела на Европскиот самит. Сакаме оваа година да се лансира оваа идеја и да почнат дискусиите за многу прашања, како што се безбедност во енергетсктото снабдување, безбедност во снабдувањето со храна, секако ќе има средба меѓу лидерите од земјите од Западен Балкан и ЕУ за да се зборува за процесот на проширување, рече Лероа.

Тој нагласи дека Франција која до крајот на овој месец го има претседавањето со ЕУ напорно работи со Германија и други држави членки во однос на проширувањето

-На 23 јуни е Европскиот самит и Макрон многу инсистира на ова прашање. Франција заедно со европските држави работи на оваа идеја и на интегрирање на Северна Македонија и Албанија, посочи Лероа.

Специјалниот претставник на ЕУ за регионот Мирослав Лајчак посочи дека руската агресија ги поткопа столбовите на глобалната архитектура но во однос на Балканот, како што рече, оваа војна покажа дека не постои време на самодоволност и дека регионот не може да остане меѓу две реалности.

-Војната во Украина го направи процесот на проширување политички, покажа дека тоа не е само техничка работа. Се разбира техичките критериуми мора да се исполнат, но политичката интеграција е заснована на споделените вредности, а тие покажаа дека ги споделуваат европските вредности. Војната во Украина предизвика замаец, но тој замаец нема да се претвори во нов квалитет сам од себе. Не можеме да чекаме и да седиме овој моментум да се случи. Потребна ни е јасност и со западнобалканската шесторка мора да работиме заедно и да разбереме дека сега е моментот кога треба да ги направиме овие одлуки и двете страни треба да го исполнат својот дел. Која е новата реалност? На почеток тоа е отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија уште сега, рече Лајчак.

Бугарскиот европаретник и известувач во ЕП за Северна Македонија Илхан Ќучук истакна дека ангажманот меѓу европските институции и Северна Македонија и Албанија се многу силни и ќе продолжат да го прават тоа затоа што се од големо значење.

-Мислам дека статус квото како што го опишувате е лошо за ЕУ зашто ја губи кредибилноста како надворшено – политички, но и геополитички актер. Тоа е загуба и за Северна Македонија како земја и за нејзинтие граѓани, зашто силно вррувам дека граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да имаат евроатлантски отворен пат, зашто земјата се посвети и испорачува конркетни реузлтати, рече Ќучук.

ЕУ е стратешки избор на земјите од регинот но одреден период треба да се осврнеме на поуките од минатото, вели тој, е тоа што ќе го ветиме дали може да го оствариме, зашто ако не можеме да го оствариме даваме поинаков впечаток на регионот. Според него, неодамнешните анкети покажале дека опаѓа довербата во деморкатските начела зашто ЕУ не може да ги оствари нејзините ветувања.

-Мојата важна порака до оваа земја е што и да мислите, што и да правите во вашата внатрешна политика, земете ја дебатата за вашите евроатлантски дебати и ставете ја повисоко на вашата агенда и тоа е пораката до опозицијата. Соработувајте со Владата, затоа што владите се менуваат и тоа е логиката на демократијата. Важно е да ги одржиме граѓаните вклучени во вредностите на ЕУ, тоа значи безбедност, просперитет и подобра иднина за целиот регион, порача Ќучук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканските пристаништа се важен актер во меѓународниот…

Солунското пристаниште е едно од десетината слични…

Ќе има ли катастрофа и во Босна?…

Фактот дека Милорад Додик го користи национализмот…

Шаленберг: Имам чувство дека го губиме Балканот

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер…

„Европскиот мировен проект во Западен Балкан“: Без…

Во спорот со соседна Бугарија правиме се…

Европските компании го префрлаат производството од Кина…

Светските проблеми со трговијата и транспортот, предизвикани…