Европскиот парламент остана без претседател: Почина Давид Сасоли

t

Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли почина рано изутрината во болница во италијанската општина Авиано, изјави портпаролот Роберто Куило.

Вчера Парламентот на ЕУ потврди дека 65-годишниот италијански политичар од левиот центар бил во болница во Италија од 26 декември. Во соопштението се вели дека „хоспитализацијата била неопходна поради сериозна компликација поради дисфункција на имунолошкиот систем“.


Сасоли беше член на парламентот на ЕУ од 2009 година. Во 2019 година, тој беше избран за претседател на парламентот со седиште во Стразбур, откако беше предложен за кандидат од групата Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите.

Неговиот мандат требаше да заврши овој месец и не се очекуваше да бара втор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија парламентот се распушти само по…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прво донесе…

Србија по 13-ти пат избира нов парламентарен…

Србија по 13-ти пат од обновувањето на…

(Видео) Абазович го преживеа црногорскиот парламент –…

Вонредната седница на Собранието на чиј дневен…

И по петти обид Италија не избра…

Пратениците во италијанскиот парламент не успеале ни…

И по трет обид Италија не избра…

Третиот круг гласање за нов претседател на…