Еврото достигна 20-годишно дно!
Еврото достигна најниска точка во однос на доларот во последните 20 години, пренесува CNBC, цитиран од BTV. Ова се случи по курс од 1,0305 долари за евро.
Последен пат еврото имаше такви вредности во однос на зелената банкнота во декември 2002 година.
Сето ова се случува во позадина на рекордна инфлација во еврозоната од 8,6%. ЕЦБ, иако најави дека ќе ги зголеми главните каматни стапки, што повторно ќе ја направи валутата поатрактивна, се уште нема преземено такви активности. Ова се очекува да се случи овој месец.
Според аналитичарите на девизниот пазар, следниот отпор на европската валута е на ниво од 1,0260 ЕУР/УСД.
Еврото постигна уште еден негативен рекорд – валутата се тргува под вредноста на еден швајцарски франк. Претходно денеска еврото вредеше 0,99 франци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
22 години по воведувањето на еврото, во…
Речиси 22 години по воведувањето на еврото,…
ЕУ повторно во должничка криза?
Долговите во земјите-членки на ЕУ се превисоки,…
Кинескиот Јуан го помина Еврото во волумен…
Кинескиот Јуан го помина Еврото во волумен…
(Фото) Еврото тоне како сидро во волуменот…
Оваа година Еврото како валута го достигна…
Светската економија пред колапс! Што сакаше да…
Претседателката на Европската ценатрална банка го испеа…