Објавено на:

Египет аплицира за приклучување кон БРИКС!

t

Амбасадорот на Русија во Египет денес изјави дека Каиро аплицирал за приклучување кон БРИКС, блок на растечки економии, што го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, пренесува Анадолу.

„Египет аплицираше да се приклучи на групата БРИКС, бидејќи една од иницијативите со кои БРИКС моментално се занимава е максимален трансфер на трговијата кон алтернативни валути, без оглед дали се национални и создавање на еден вид заедничка валута. Египет е многу заинтересиран за ова“, изјави Георги Борисенко за руската државна новинска агенција ТАСС.

Борисенко истакна дека Египет ја изразил својата желба да ја развие трговската и економската соработка со Русија, велејќи дека во моментов е присутен процес на градење „нови механизми за меѓусебни спогодби во овие трговски операции“.

Египетските власти сè уште не ја коментирале изјавата на Борисенко.

Египет учествуваше во проширените разговори во рамките на блокот во групата „пријатели на БРИКС“, што исто така ги вклучува Аргентина, Бангладеш, Габон, Демократска Република Конго, Индонезија, Иран, Казахстан, Коморските Острови, Куба, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Чупиќ нов тренер на Вардар

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…