„Египќаните во Македонија не се соодветно и правично застапени во институциите на системот“
Египќаните, како посебна автентична и автохтона етничка заедница во Македонија, не се соодветно и правично застапени во институциите на системот, иако, за разлика од порано, имаме над 40 високообразовани кадри, кои дипломирале, магистрирале или докторирале на државните универзитети, вели Демир Далип, лидер на Египќаните.
-Излезот од ваквата состојба, Египќаните го наоѓаат преку трајно напуштање на државата и заминување во западните земји или преку изјаснување како припадници на други етнички заедници, а се со цел да бидат вработени во администрацијата. Токму затоа, како НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, реагиравме на резултатите на Пописот, бидејки е апсурдно и недозволиво да се прифатат состојби кои не се реални, не е коректно да прифатиме дека на ниво на држава има 2008 Египќани, кога само во Охрид, на избирачки список има околу 2000 Египќани со право на глас, вели тој.
Далип прашува каде се тука децата или оние кои не наполниле 18 години.
-Излез од ваквата состојба гледаме преку практикување на МОДЕЛОТ НА ПОЗИТИВНА ДИСКРИМИНАЦИЈА, а се со цел интегрирање во системот, бидејќи, ако се продолжи со ваквиот тек, голема е веројатноста да настапи “тивка административна асимилација“ на Египќаните кои се лојални граѓани на Македонија и кои имаат големи заслуги за независноста и самостојноста како и за унитарниот карактер на Македонија, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“, Демир Далип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски проценки за одговорот на Хезболах и…
Американскиот веб-сајт Политико објави дека Тел Авив…
Уапсен македонски државјанин: Откажани трите концерти на…
Организаторите на три концерти на Тејлор Свифт…
УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе…
Утре претежно во западните делови, а во…
„Лекар од пеколот“: Приведен 39-годишен доктор осомничен…
Полицијата во Берлин приведе 39-годишен лекар осомничен…
ЕДНИОТ ОД МАКЕДОНИЈА! Уапсени две лица во…
Двајца осомничени екстремисти се уапсени во Австрија,…