Едвај се крпи крај со крај, инфлацијата ги изеде платите: На 31.000 денари скапотијата јаде 3.300

t

Поскапувањето на цените на храна и горивата ги обезвреднува платите на граѓаните. Парите полека ја губат вредноста со рекордната инфлација од 12 отсто измерена во мај. Па, така граѓаните кои земаат минимални 18 илјади денари, поради поскапувањата веднаш им се одлеваат 2.000 денари или им доаѓа како да земаат плата од 16 илјади. За 2.500 илјади денари е намалена вредноста на платата ако таа изнесува 24 илјади, а сите оние кои имаат просечна плата која изнесува 31 илјада, поради поскапувањата загубиле 3.300 денари.

Вредност на платата со растот на инфлацијата:

18.000 денари 16.057 денари -1.943 денари
24.000 денари 21.428 денари -2.572 денари
31.080 денари 27.725 денари -3.355 денари

Во војната на цените битката ја губат платите, велат даночните експерти. И во следните два месеци се очекува цените да продолжат да растат, па потоа да почнат да се стабилизираат.

„Следните месец-два сигурно растот ќе биде поголем особено од овој удар од укинувањето на мерките, но потоа очекувам смирување. Едноставна е причината некако трендот на зголемување на цените го достигна врвот“, рече Павле Гацов, даночен експерт.

Стапката на инфлација која вчера ја објави државниот Завод за статистика е за претходниот месец, кога беа во сила сите владини мерки за ублажување на ценовните шокови. Но, од први јуни сите прехранбени производи поскапеа за дополнителни 20 проценти откако мерките веќе престанаа да важат.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: За минимум нормален живот на едно…

Владата да донесе одлука за зголемување на…

Статистиката ја побива Владата: Реалната плата е…

Просечната нето-плата во мај достигна 31.407 денари,…

Од што ќе живеат тие луѓе? 27.167…

Мајската плата се уште ја чекаат 27.167…

Еврокомесарот за економија: Инфлацијата ќе се намали…

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони денеска…

ССМ до пратениците: Ќе блокираме се додека…

Во знак на револт и поддршка на…