Еден месец по третата доза: Фудбалер на Јувентус позитивен на коронавирус

t

Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека искусниот 37-гoдишен дефанзивец Џорџо Кјелини е позитивен на коронавирус и се наоѓа во домашна изолација.

Позитивни на Ковид-19 во торинскиот клуб претходно деновиве беа и Артур и Карло Пинсољио.


Кјелини пред точно еден месец се вакцинираше со третата доза и беше еден од најгласните фудбалери на Јувентус во јавната кампања во Италија за вакцинирање против Ковид-19.

– Благодарение на вакцините и заштитните маски се бориме да се вратиме во нормала. Сите мораат да ја одиграат својата улога. Вакцинирајте се за ваше добро и за да ги заштитите најранливите категории граѓани, апелираше италијанскиот репрезентативец откако во декември ја прими третата доза вакцина против Ковид-19.

Јувентус го очекуваат два дерби натпревара во Серија А, против Наполи и Рома, на 6 и 9 јануари, а потоа и дуелот од Суперкупот против првакот Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 100 новозаразени од ковид вчера

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Ристовски: Ова беше турбулетна сезона, имавме подеми…

Вардар успеа да ја одбрани шампионската титула,…

(Видео) Абрахам знаел и добро да одглуми 

Во 88-мата минута од финалето на Конференциската…

Ковид амнестија: Во Русија нема да се…

Московските власти ќе престанат да бараат исплата…