Објавено на:

Едногласни американските и јужнокорејските вооружени сили: Се извршија низа на тестови на ракетните системи

t

Активноста има за цел демонстрација на „способноста и подготвеноста за изведба на прецизен удар” врз лансирни капацитети и центри за команда на Севернокорејската армија.

Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави во утринските часови извршија низа на тестирања на ракети земја-земја на источниот брег на Јужна Кореја, како реакција за претходните тестирања на балистички ракети со краток дострел од страна на Северна Кореја, потврди јужнокорејското Министерство за одбрана.

Активноста има за цел да ја покаже „способноста и подготвеноста за изведба на прецизен удар” врз лансирни капацитети и центри за команда на Севернокорејската армија, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап” цитирајќи информација на оружените сили.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој стапи на функција минатиот месец, вети дека ќе заземе поостар став кон Пјонгјанг, притоа договарајќи се со американскиот претседател Џо Бајден за унапредување на воената соработка преку заеднички воени вежби и подигнување на подготвеноста на комбинираниот систем за одвраќање на јужнокорејската армија.

Јужнокорејските и американските сили утрово за десет минути истрелале осум проектили земја-земја од тактичките ракетни системи (ATACMS).

Северна Кореја оваа година изврши серија ракетни тестирања, меѓу кои и на една од најголемите интерконтинентални балистички ракети во својот арсенал, првпат по речиси пет години. Тестирањето беше спроведено непосредно откако американскиот претседател Бајден ја заврши посетата на Азија од каде ја посочи подготвеноста на САД да спроведе нови мерки на одвраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жртви би биле 5 милијарди луѓе: Кој…

Кои земји би можеле да ја преживеат…

Фенгхе: Кина не може да се “скроти”,…

Кинеската Народноослободителна армија не се плаши од…

ФБИ: Безбедносните агенции се соочуваат со закани…

Федералното биро за истраги и Министерството за…

Захарова: На САД не им успеа да…

Плановите на САД да ја изолираат Русија…

Американска конгресменка: Бајден не треба да се…

Демократската конгресменка Каролин Малони, претседателка на Комисијата…