„Економијата не се мери со паника, туку со бројки“: Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба

t

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба во Министерството за финансии, обвинувајќи ја опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во државата.

Според неа, економските показатели покажуваат стабилизација и раст, а критиките од Венко Филипче и СДСМ ги оцени како „хистерични прес-конференции“ без реална основа.

„За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките опозицијата не стои баш добро“, порача Димитриеска-Кочоска.

Таа посочи дека Владата наследила „празна каса, натрупани долгови и нарушена доверба“, нагласувајќи дека јавниот долг од 4,78 милијарди евра во 2017 година пораснал на речиси 9 милијарди евра до вториот квартал од 2024 година.

„Тоа е практично двојно зголемување на јавниот долг за време на владеењето на СДСМ“, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска тврди дека во изминатите шест квартали економијата бележи раст од околу 3 проценти, а во 2025 година растот достигнува околу 3,5 проценти.

„Платите растат со динамика близу 10 проценти. Бројот на нововработени лица расте. Капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво. Ова не се бројки од партиски штаб. Ова се реални економски показатели“, наведе таа.

Министерката истакна дека Владата во исто време сервисира стари долгови и финансира нови капитални проекти, посочувајќи дека минатата година била отплатена еврообврзница од 500 милиони евра, а оваа година достасува еврообврзница од 700 милиони евра.

„Од 2026 до 2031 година државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати од стари долгови“, кажа Димитриеска-Кочоска.

Таа обвини дека претходната власт оставила „хаос во јавните финансии“, додека актуелната влада, според неа, води „домаќинска, внимателна и одговорна политика“.

„Фактите, бројките и резултатите се на страната на Владата. А кога е така, политичките конструкции многу брзо паѓаат во вода“, порача министерката за финансии. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Економијата не се мери со паника, туку…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика…

(Видео) По декади запуштеност се чисти Железничката…

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура – Синиша…

Мицкоски ќе се обрати на свечената академија…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по повод Денот…

Рубио: Постои можност во следните неколку часа…

Доналд Трамп изјави дека договорот за трајно…

Нова стратегија на САД – Разводот на…

Одделот за национална безбедност на Стејт департментот…