Економска катастрофа и честитка за 8-ми март : Преку илјада фирми имаат блокирани сметки од УЈП – уште толку ќе добијат блокирана сметка во наредните денови!

t

Македонската економија е во катастрофална кондиција, а показател за состојбите во економијата е бројот на фирми со блокирани сметки од Управата за јавни приходи.

Овој податок е показател за неликвидноста на македонските компании, односно нивната неспособност да ги исплаќаат тековните обврски кон државата.

Од извори на Инфомакс дознаваме дека се работи за шокантна бројка од илјада македонски компании кои не можеле да го платата Данокот за додадена вредност кон државата во изминатите три месеци, па изминативе денови се соочиле со блокирана сметка од страна на УЈП.

Дополнително загрижува податокот за повеќе од 1200 фирми кои добиле опомена пред блокада на сметките, доколку не ги исполнат своите обврски кон државата во наредните неколку дена, односно законскиот рок од 7 дена.

Да напоменеме дека не станува збор за месечни обврски на компаниите туку за резултати од кризата која ја зафати македонската економија во декември месец по огромното поскапување на индустриската струја за компаниите.

Резултатите од финансиската криза која сега ја погоди Македонија допрва ќе пристигнат во наредните месеци, имајќи го во предвид вештачкото зголемување на минималната плата кое ќе биде дополнителен товар за компаниите, но и масовното зголемување на цените на горивата кои се калориите потребни за функционирање на една компанија, а со тоа негативно на макро ниво ќе се одразат на целата економија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иселувањето најмногу ги погоди земјоделството, градежништвото и…

Земјоделството, градежништвото, угостителството, туризмот – овие гранки…

Драма во Прилеп: Полицијата спречи маж да…

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.М.(49)…

(Видео) Ова е новиот американски амбасадор во…

Марк Брновиќ е назначен за нов американски…

„Пулс“ била во полициските архиви уште од…

Во полициские архиви уште во ноември 2022-ра…

Нилсен: Дозволете ми да бидам јасен, САД…

САД нема да го добијат Гренланд, изјави…