Екс-министерот Тевдовски го развиори македонското знаме во Вашингтон

Додека другите поранешни министри за финансии вчера беа кај првиот финансиер Фатмир Бесими на консултации за ребалансот, поранешниот министер за финансии од Владата на Зоран Заев Драган Тевдовски е во Вашингтон.
Таму, покрај со работата, се занимава и со физички активности, како што впрочем беше активен и во земјава.
„За првпат на Спартанска трка: Nationals Park Spartan Stadion. Многу убаво чувство на крајот бидејќи не е лесна: 5 километри качување и симнување по скали со 20 препреки на патеката, ѕидови, карики, носење на терет, качување на јаже… и пак качување по скали, по сите трибини на стадионот
Единствена можност за одмор се ретките рамни делчиња за трчање.
Одлична организација на многу убав стадион во Вашингтон. И најважното, многу убава енергија од учесниците, со солидарност и поддршка на секој чекор“, пишува Тевдовски на фејсбук објавувајќи и фотографија, на која тој е сликан на стадионот со македонското знаме.

Извор: Фактор