ЕК за клубот „Ванчо Михајлов“: Ги разбираме реакциите, да се почитува човековото достоинство

t

Европската комиија е свесна за реакциите во Македонија кои ги предизвика отворањето на Бугарскиот културен центар во Битола со името на контроверзниот историски лик Ванчо Михајлов и повикува двете земји да надминат отворените прашања.

За портпаролката Ана Писонеро почитувањето на човековото достоинство е едно од фунаменталните вредности на Унијата. Ги охрабрува Скопје и Софија да работат на решавање на билатералите прашања за Македонија да ги почне преговорите што поскоро.

-Секако свесни сме дека бугарскиот културен клуб во Битола именуван по личност која се смета за многу контроверзна во Македонија, предизвика секако силни реакции од граѓаните и многу добро знаете дека кога станува збор за почитување на човечкото достоинство, слобода на демократија, владеење на правото и човекови права се фундаментални вредности на кои Европската Унија е изградена, – Ана Писонеро .

Претседателот на македонската историска комисија Драги Ѓоргиев во интервју за Фокус вели дека пристапот на дел од политичката и интелектуална елита но и од дел од историчарите во комисијата на Бугарија, води кон зацврстување на наративите создадени во времето на Тодор Живков, односно целосно негирање на Македонскиот идентитет.

Ваквиот пристап кон македонско-бугарските односи резултираше со изјави на одредени бугарски политичари и историчари кои целосно ја исполитизираа работата на Комисијата и кои, всушност, ја покажа нивната идеја не само за постигање „историска победа“, туку и за постигање на политички цели. На тој начин обидот за политичко инструментализирање на Комисијата со цел наметнување на бугарските тези, стана најголемиот проблем на Комисијата и причина за нејзино негативно перцепирање. – вели – Драги Ѓоргиев за Фокус.

Мешовитата македонско-бугарска комисија денеска и утре во Софија одржуваат нова рунда на разговори, каде според најавите на дневен ред ќе се разгледуваат учебниците по историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија: Хрватите всушност се “Бугари” според најновата…

По Македонците и Хрватите биле Бугари, пишува…

АА за “Рамковниот”: Целта не е постигната,…

Охридскиот договор е документот што направи промена…

САД распоредуваат нова група американски војници во…

Американски војници ќе бидат распоредени во Бугарија…

Македонски средношколци се враќаат со три медали…

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ…

Захарова: Црна Гора е неспособна да се…

Захарова за протерувањето на дипломат од Црна…