ЕК: Ќе реагираме веднаш и одлучно против неоправданите американски царини

t

Европската комисија денеска соопшти дека ќе реагира „веднаш и решително против неоправданите пречки за слободната и фер трговија“, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека неговата администрација наскоро ќе објави воведување царини од 25 отсто на увозот од Европската унија.

Портпаролот на ЕК, како одговор на барањето за коментар на најавите на Трамп, исто така рече дека ЕУ ќе реагира „кога тарифите ќе се користат за оспорување на правните и недискриминаторски политики“, пренесе Ројтерс.

„Европската унија е најголемиот слободен пазар во светот. И тоа беше благодет за Соединетите држави“, рече портпаролот.

Тој рече дека „ЕУ секогаш ќе ги штити европските компании, работници и потрошувачи од неоправдани царини“.

Портпаролот рече дека со создавањето на голем и интегриран единствен пазар, „ЕУ ја олесни трговијата, ги намали трошоците за американските извозници и ги усогласи стандардите и регулативите во 27 земји“.

„Како резултат на тоа, американските инвестиции во Европа се многу профитабилни. Европа се залага за дијалог, отвореност и реципроцитет. Подготвени сме за партнерство ако играте според правилата. Но, ќе ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси на секој чекор. Тие не очекуваат ништо помалку од нас“, заклучи портпаролот.

Трамп претходно денеска изјави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто за увоз на стоки од ЕУ „во општа смисла“ и додаде дека тие тарифи ќе бидат конкретно насочени кон увоз на автомобили.

Според него, тарифите ќе важат за сите стоки, но особено посочи дека тие ќе се одразат на европската автомобилска индустрија.

Тој ја критикуваше ЕУ како ентитет „формиран да ги измами САД“.

По коментарите на Трамп, еврото благо ослабе, за 0,2 отсто во однос на американскиот долар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…