Објавено на:

Елмас: Имаме 90 минути да го исполниме детскиот сон на целата држава – Ваква шанса не смее да се пропушти!

t

Репрезентацијата на Македонија го одработи последниот тренинг на скопско тло и попладнево ќе патува кон Португалија за бараж финалето за пласман на Мундијалот. Во составот се враќаат Ељиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои беа суспендирани и не играа во Палермо со Италија.

Токму Елмас е нашето најсилно оружје, а пред патувањето кон Порто се обрати до јавноста. Момчето од Бутел беше скромно како и секогаш, Ељиф најави борба, посочи дека се свесни колку се близу до детскиот сон и шансата не смее да се испушти.

„Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудлив за сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар.

Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи Португалија индивидуално сметам е поквалитетна. Би сакал, но знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал“, изјави Елмас.

Пресметката на „Драгао“ меѓу Португалија и Македонија е закажана за во вторник со старт во 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски војници ќе учествуваат во мисии во…

Владата на Република Македонија на денешната седница…

(Видео) Ковачевски за “Инфомакс”: Се согласувам со…

На прашање на Инфомакс дали премиерот Ковачевски…

Борисов ќе се мачи да создаде влада…

Изборите покажаа дека народот никому не му…

Грдото лице на Балканскиот мегаетникум: 250 години…

Грдото лице на Балканскиот мегаетникум 250 години…

ФРОНТЕКС ќе ги засили македонските граници: Средба…

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар…