Објавено на:

Ема Вотсон од Хари Потер ќе ја „ослободува“ Палестина

t

Актерката Ема Вотсон на својот профил на социјална мрежа ја поддржа борбата на Палестинците, што предизвика задоволство кај нејзините Палестински следбениците, а од друга страна, стана предмет на критики од Израелците, пренесува Агенција Анадолија.

Вотсон, која е родена во Британија и се прослави со ликот на Хермиона Гренџер, еден од главните ликови во филмовите за Хари Потер, на нејзиниот Инстаграм профил, сподели снимка каде што палестинските активисти под името „Bad Activist Collective“ маршираа со транспаренти на кои пишуваше „Солидарноста е акција“.


Под снимката, актерката ги напиша зборовите на британско-австралиската научничка Сара Ахмед, која вели: „Солидарност не претпоставува дека нашите борби се исти борби, дека нашата болка е иста болка или дека нашата надеж е за истата иднина. Солидарноста покрај посветеноста и работата, вклучува дека живееме на една заедничка основа, дури и ако ги немаме истите чувства, исти животи или исти тела.“

Објавата на Вотсон беше високо ценета од страна на про-палестинските корисници на Инстаграм, а многу следбеници и изразија благодарност на познатат актерка, користејќи ги хаштаговите #FreePalestine, #PalestineWillBeFree и емотикони на палестинското знаме.

Амбасадорот на Израел во ОН Гилад Ердан, на својот профил на Твитер, напиша: „Фикцијата можеби функционира во Хари Потер, но не функционира во реалноста“.

И неговиот претходник Дани Данон ја обвини актерката дека е „антисемит“.

Од друга страна, Леа Гринберг, една од директорките на прогресивната група за застапување „Indivisible Guide“, истакна дека не се согласува со обвинувањето на Дани Данон и додаде дека антисемитизмот е претворен во целосно цинично и злонамерно оружје.

Ема Вотсон, покрај образованието стекнато на Универзитетот „Оксфорд“ дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Универзитетот Браун во САД.

Вотсон волонтира и како амбасадор на добра волја на Женскиот оддел на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

После 15 години Чавушоглу во посета на…

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу в среда…

Прв случај на мајмунска сипаница е потврден…

Израел го пријави првиот потврден случај на…

Руски медиуми предупредуваат: Израел се подготвува за…

Израел се подготвува за војна со Иран.…

Израел испорача 2.000 шлемови и 500 заштитни…

Израел испорача 2.000 шлемови и 500 заштитни…

Драма на аеродром во Израел: Патниците добиле…

Капетанот на турскиот лет на„Анадолу Џет“ го…