Ердоган го намали ДДВ-то за основна храна, овошје и зеленчук на 1 отсто

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го намали ДДВ-то за млечните производи, овошјето, зеленчукот и другата основна храна од 8 на 1 отсто. Мерката доаѓа во позадина на највисоката инфлација во последните 20 години – 48% во јануари.

Минатиот месец, претседателот го смени шефот на државната статистика по четврти пат од 2019 година.


Турските медиуми објавија дека Ердоган е незадоволен од стапките на инфлација објавени од државната статистика.

Според опозицијата и противниците на Ердоган, официјалните бројки се значително потценети и не ја одразуваат реалноста.

И покрај намалениот ДДВ за основните прехранбени производи во земјава, денеска се планирани протести поради високите цени во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џабе се израдуваа: Турскиот парламент нема да…

Турскиот парламент нема да размислува за одобрување…

Се си има цена: Турција бара од…

Турција побара екстрадиција на 33 лица осомничени…

Бајден им честиташе на Финска, Шведска и…

Претседателот на САД, Џо Бајден им честиташе…

Ќе се расипат добрите односи? Турска компанија…

Турската компанија „Бајкар Макина“ објави дека има…

Ен Линде: Терористичката загриженост на Турција ја…

Шефот на шведската дипломатија Ен Линде рече…