Ердоган наскоро ќе ја посети Србија

Неодамнешната посета на турскиот министер за надворешни работи ја најави претстојната посета на Ердоган на Србија.
Државниот секретар на МНР Немања Старовиќ денеска изјави дека интензивно се договара датумот на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија, нагласувајќи дека оваа посета ќе биде многу важна.
„Не можам сега да откријам кои се датумите, се разбира тоа е во следните неколку недели и ако тие планови се остварат, Реџеп Таип Ердоган би можел да биде првиот странски шеф кој ќе го посети Белград во вториот претседателски мандат на претседателот Вучиќ“, изјави Старовиќ за РТС.
Тој посочи дека интересите во односите меѓу двете земји се неспорни, но дека е важен и посебниот однос на доверба меѓу двајцата претседатели.
Очекуваме разговори на бројни теми од областа на билатералната економска соработка, конечно склучување на договор кој ќе овозможи патување на нашите граѓани со лични карти во Турција“, рече Старовиќ.
Коментирајќи ја посетата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Белград, Старовиќ рече дека ова е многу важна посета и дека е многу важно да се одржи континуиран и значаен дијалог со Турција.
Тој нагласи дека е невозможно да се обезбеди траен мир, стабилност и просперитет на Балканскиот Полуостров без добри односи меѓу Анкара и Белград и додаде дека Турција сега сака да го проектира своето економско присуство на Балканот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Свештеник истепа војник – во украинската…
Скандал изби во местото Хмелницки, Украина. Во…
Жена била агресивна кон полицајци, па доби…
На 01.04.2023 во 20:10 часот во с.Д.Бањица,…
Светските агенции за исходот од изборите во…
Бугарските конзервативци и либералите, се чини, и…
(Фото+видео) Прослава во Подгорица: Песна за Косово,…
Поддржувачите на Јаков Милатовиќ излегоа на улиците…
“Пу, пу – не важи”: Ковачевски му…
Во пресрет на вториот круг од претседателските…