Ердоган не попушта: Нема НАТО ако Финска и Шведска не преземат “конкретни мерки”

Турција нема да се согласи со приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку не преземат „конкретни мерки” за безбедносните прашања што ја засегаат, предупреди денеска висок претставник на турското претседателство.
Ибрахим Калин, портпарол на турското претседателство и близок соработник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, прими делегации на дипломати од двете земји.
– Јасно им кажавме на нашите соговорници дека процесот (на нивното пристапување во НАТО) не може да напредува додека не се исполнат безбедносните грижи на Турција, со конкретни мерки и конкретни датуми, рече тој по петчасовните разговори.
Тој додаде дека соговорниците го забележале тоа и дека ќе го пренесат на нивните влади.
– Ќе продолжиме со разговорите кога ќе го добиеме нивниот одговор на нашите барања, изјави Калин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама потврди: Дел од новото пристаниште во…
Албанскиот премиер Еди Рама потврди дека дел…
Ништо од единството: Ситуацијата во Украина ги…
Британски весник: Ситуацијата во Украина го подели…
Заменикот МНР на Русија: Само болни луѓе…
Русија се надева на „разумно решение“ на…
Белгија одобри членство на Финска и Шведска…
Советот на министри на Белгија официјално го…
ЕУ и НАТО ја поддржуваат одлуката на…
На позадината на хистеричната ситуација, подгреана од…