Ердоган не попушта: Нема НАТО ако Финска и Шведска не преземат “конкретни мерки”

Турција нема да се согласи со приемот на Шведска и Финска во НАТО доколку не преземат „конкретни мерки” за безбедносните прашања што ја засегаат, предупреди денеска висок претставник на турското претседателство.
Ибрахим Калин, портпарол на турското претседателство и близок соработник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, прими делегации на дипломати од двете земји.
– Јасно им кажавме на нашите соговорници дека процесот (на нивното пристапување во НАТО) не може да напредува додека не се исполнат безбедносните грижи на Турција, со конкретни мерки и конкретни датуми, рече тој по петчасовните разговори.
Тој додаде дека соговорниците го забележале тоа и дека ќе го пренесат на нивните влади.
– Ќе продолжиме со разговорите кога ќе го добиеме нивниот одговор на нашите барања, изјави Калин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Финска драстично го намалува бројот на издадени…
Финска, од 1 септември, ќе го ограничи…
Шведската премиерка: Ќе ги исполниме условите на…
Шведска ќе ги исполни условите од договорот,…
Макрон ги потпиша протоколите за влез на…
Францускиот претседател Емануел Макрон ги потпиша протоколите…
Додик: Босна и Херцеговина не побара посебни…
Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска…
НАТО развива посебен план за Босна и…
НАТО го информираше Министерството за надворешни работи…