Објавено на:

Ердоган одлучен: Ќе ги седнам Путин и Зеленски на иста маса!

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека е решен да разговара со украинскиот и рускиот лидер и да ги седне на иста маса за да се стави крај на крвопролевањето, јави агенцијата Анадолија.

По дводневната посета на Узбекистан Ердоган одговараше на новинарски прашања на актуелни теми при што се осврна на руско-украинската војна, ставот на Турција и напорите за посредување за постигнување траен мир, како и за односите со Израел во областа на енергетиката.

Истакнувајќи дека е одлучен во намерата да разговара со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој рече дека ќе им каже на своите колеги дека крајната цел на Турција сега е да ги зближи.

– Одлучен сум во намерата да се сретнам со Путин и Зеленски. И на двајцата ќе им кажеме дека нашата цел сега е што побрзо да ги собереме на едно место. Се надевам дека ќе одредиме датум на состанокот. Подготвени сме да бидеме домаќини на состанокот на ниво на претседатели. Како Турција, ќе бидеме среќни кога ќе ја завршиме оваа работа со довербата и на господин Путин и на господин Зеленски, ја пренесува Анадолија изјавата на Ердоган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

Ердоган: Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат,…

Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…