Објавено на:

Ердоган предлага смртна казна за подметнувачите на пожари

t

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложи воведување смртна казна за одговорните за подметнување шумски пожари.

„Каква казна треба да биде тоа? Смртна казна? Мислам дека тоа треба да се казнува со смрт“, изјави Ердоган пред новинарите собрани во одморалиштето Мармарис, погодено од пожар, во југозападната провинција Мугла.

Турција ја укина смртната казна во 2002 година, па пред Ердоган да донесе конечна одлука, таа прво треба да биде изгласана во Парламентот.

Пожарот во Мармарис, кој беснее од вторникот, изгоре 4.000 хектари, а 435 луѓе се евакуирани.

Денеска судот во Мармарис испрати во затвор маж кој „признал“ дека го подметнал пожарот по семејна расправија, јави Анадолија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Горд сум што го зачувавме мирот!

Горд сум што успеавме да го зачуваме…

НАТО членките го потрошија своето оружје во…

Две третини од земјите на НАТО го…

Спасовски: Државата и граѓаните се безбедни со…

Со #СДСМ, граѓаните и државата се на…

Кадиров: Целта на специјалната операција е целосно…

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на апликацијата…

Каде исчезнаа 170.000 Македонци од Пиринска Македонија?

Бугарската ирационална и антимакедонска политика повторно исплива…