Ердоган тужи германски политичар: Го нарекол “канализациски стаорец”

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе кривична пријава против германскиот политичар Волфганг Кубицки, кој го нарече „канализациски стаорец“.

Адвокатот Мустафа Каплан изјави за ДПА дека поднел кривична пријава во име на Ердоган до Државното обвинителство во Хилдесхајм за навреда и клевета.

Кубицки, политичар од Слободните демократи, го нарече Ердоган „мал канализациски стаорец“ додека ја коментираше имиграциската политика на турскиот лидер.

На прашање на ДПА, заменик-претседателот на партијата рече дека не е загрижен за можен правен спор со Ердоган.
„Во секој случај, мирно чекам евентуален правен спор“, додаде Кубицки.

Анкара веќе го повика германскиот амбасадор поради изјавата на Волфганг Кубицки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Русија ќе ја убедуваат Турција…

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера…

Песков: Русија и Турција имаат несогласувања но…

Русија и Турција се способни да ги…

Спречен терористички напад на Турски тек!

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ)…

Турците убиле 184 терористи во Ирак и…

Турските оружени сили убиле 184 терористи во…

(Видео) Турција започна нова операција на северот…

Турското Министерство за одбрана соопшти дека уништило…