Објавено на:

Ердоган ќе посредува меѓу Русија и Украина?

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја е подготвена да дејствува како посредник меѓу Украина и Русија за одржување на мирот во регионот.

„Сакаме да преовладува мир во регионот и за ова, ние сме подготвени да го направиме нашиот дел“, им рече тој на новинарите во Истанбул по петочната молитва.

Турскиот лидер го откри својот план да разговара за најновите случувања во Украина со неговиот руски колега Владимир Путин или по телефон или за време на можна посета на Москва во наредните денови, објави новинската агенција Ксинхуа.

Ердоган на почетокот на февруари ќе ја посети Украина.

„Секој развој меѓу Русија и Украина кон преминување на границата или избувнување на војна би претставувало сериозно нарушување на мирот во регионот“, забележа тој, истакнувајќи дека какви било немири таму ќе ја вознемират Турција бидејќи има добри и подобри односи со двете земји.

Ердоган во четвртокот ги покани претседателите на Русија и Украина на разговори во Истанбул за смирување на тензиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Ако ја ограничат цената на нафтата…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија…

Путин: Се решаваат проблемите на руската армија…

Рускиот претседател Владимир Путин, говорејќи за проблемите…

Ќе ги смири ли Ердоган Русија и…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

(Фото) Агенти на Службата за безбедност на…

Катедралната црква „Свето посредување“ во Бориспил во…

Пратениците изгласаа, Путин нека му ја мисли:…

Народните претставници на Бугарија почнаа да ја…