Објавено на:

Ерменија почна рускиот гас да го плаќа во рубљи

t

Ерменија почна со плаќање на рускиот гас во рубљи, изјави за РБЦ, министерот за економија Вахан Керобјан.

– Колку што знам, последните неколку плаќања беа во рубљи, но, по соодветен курс, појасни министерот.


Керобјан истакна дека цената се одредува во долари, но плаќањето е во рубљи.

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко уште на 3 април најави дека Минск во рубљи ќе ги плаќа испораките на нафта и гас од Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша указ за таканаречените „непријателски земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубљи.

Под „непријателски земји“ спаѓаат оние, што воведоа санкции против Русија, поради инвазијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување на „Вестминстер“: Шест од десет млади,…

Речиси шест од десет млади, доколку имаат…

НБРМ со црна прогноза: Најновите оцени за…

Советот на Народната банка одржа редовна седница…

Грчки митрополит: Црквата во Цариград признава „Охридска“…

Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19…

Борел: Западен Балкан погоден од економска криза

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел,…

Земјите од ЕУ не успеаја да се…

Брисел се надеваше дека ќе постигне договор…