Ескалира состојбата помеѓу Русија и НАТО – Путин најави различни можности за воен одговор

t

Ако Вашингтон и НАТО одбиваат да пружат безбедносни гаранции за Русија, воениот одговор на Москва може да биде најразличен, изјави рускиот претседател Владиир Путин.

„Одговорот може да биде најразличен. Тоа зависи од предлозите кои ќе ми ги дадат воените експерти“, одговори Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“ за тоа каков би можел да биде воениот одговор на Русија ако САД и НАТО „и овој пат не слушаат“.

Истовремено, рускиот лидер нагласува дека Русија ќе настојува да постигне правно обврзувачки резултат во преговорите, а не само да ги затвори.

„Тежнееме кон решение“, рече Путин.

Рускиот претседател на годишната прес-конфенреција соопшти дека ширењето на НАТО кон исток е неприфатливо, како и дека понатамошните дејствија на Русија нема да зависат од текот на преговорите, туку од безусловно осбезбедување на безбедноста на Русија.

За потсетување, Русија на 17.декември го објави нацрт договорот со САД и НАТо кој, помеѓу останатото, вклучува одредби за взаемни гаранции за безбедност во Европа, за неразместување на ракети од среден и краток дострел во взаемен дострел и за одбивање за понатамошно ширење на НАТО на исток, вклучително и во корист на бившите републики на СССР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги притискаат и Србија и Косово:…

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска…

Експерти за дезинформации во канцелариите на ЕУ…

Повеќето од неодамнешните кампањи на Русија се…

Знамињата на земјите членки на НАТО на…

Знамињата во седиштето на НАТО се спуштени…

Потоп: 65% од Американците сметаат дека Бајден…

Само 41 отсто од Американците ја одобруваат…

Македонски војници ангажирани во НАТО операција во…

Повеќе од 250 војници на земјите на…