Естонија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ
Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји, смета министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.
Тој е во службена посета во Естонија, во рамките на Дигиталниот самит во Талин (Talinn Digital Summit), каде секоја година се собираат лидери од целиот свет, за размена на перспективи и создавање идеи за тековните и идните предизвици.
Како што соопштија вечерва од МИОА, Алиу заедно со премиерот Димитар Ковачевски, се сретнал со премиерката на Естонија, Каја Калас.
Министерот изјавил дека Естонија продолжува да ја поддржува Македонија за членство во ЕУ.
Со премиерката Калас разговаравме за многу добрите односи, унапредувањето на соработката на различни области, со посебен акцент на дигиталното управување и ставовите на двете влади кон развојот и безбедноста на европскиот континент. Поддршката на Естонија за Македонија на патот кон Европската Унија е важен знак на солидарност и соработка меѓу земјите од Западен Балкан и другите европски земји. Оваа поддршка е многу важна во евроинтеграцискиот процес на нашата земја, истакнува Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…
ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…