ЕУ: Будно ја следиме ситуацијата во Косово, ќе реагираме соодветно ако има потреба!

t

Европската унија внимателно ги следи неодамнешните настани на северот од Косово и ушпте еднаш потенцира дека, без никакви одложувања и предуслови, мора да почне формирањето на Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на Европската унија, Петер Стано.

Запрашан за коментар на завчерашното апсење на тројца Срби на Косово и дали ЕУ планира да преземе нешто околу тоа, Стано на денешната прес конференција во Брисел кажа дека Унијата внимателно ја следи ситуацијата и дека е во близок контакт со партнерите и властите со цел целосно да се разбере развојот на настаните.

-Ќе реагираме во јавноста, доколку и кога тоа ќе биде соодветно, рече Стано и нагласи дека ставот на 27-те земји членки на ЕУ за ситуацијата на северот на Република Косово е јасно изразен во соопштението што беше објавено претходно неделава.

Запрашан дали ЕУ смета дека Заедницата на српски општини мора да се формира во согласност со косовскиот Устав, Стано кажа дека ставот на ЕУ е јасен – работата за формирање на ЗСО мора да почне без предуслови и одложувања.

-Секоја страна знае што треба да направи и каков е ставот на ЕУ, рече портпаролот на ЕУ и додаде дека прашањето како тоа треба да се направи е нешто што треба да се разговара во рамките на дијалогот, а не во јавноста или медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: ЕУ ќе ја затвори вратата за…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Дубаи…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Косовско обвинителство: Фалсификуваните евра се печатени во…

Специјалното обвинителство на Република Косово, по запленувањето…

Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…

На маргините на 30. Министерски совет на…

Унгарија не поддржува почеток на преговори за…

Унгарија нема да го поддржи предлогот на…