Објавено на:

ЕУ ги укинува маските во авионите и аеродромите

t

Маските за лице повеќе нема да мора да се носат на аеродромите и летовите во Европа, објавија Агенцијата за безбедност на воздушниот сообраќај на Европската унија (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Одлуката стапува на сила во понеделник, 16 мај.


Иако нема да има повеќе обврски, се нагласува дека маските се сепак најефективниот начин за запирање на ширењето на Ковид-19.

„Од следната недела, маските за лице повеќе нема да бидат задолжителни во воздушниот транспорт во сите случаи, што ќе не усогласи со широко распространетите променети правила за јавниот превоз низ Европа“, стои во соопштението на ЕАСА.

„На сите ни олесна што конечно стигнавме до фаза на пандемијата каде што можеме да почнеме да ги олеснуваме мерките за здравствена безбедност“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.

„За многу патници, но и за членовите на екипажот, постои силна желба маските повеќе да не се задолжителен дел од воздушниот сообраќај. Сега сме на почетокот на тој процес“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…

Oсмани: Забрзано се работи на нов француски…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Официјален Вашингтон: Македонија што побрзо да ги…

Американската Влада излезе со став во однос…

Виола фон Крамон: Ужасно сум разочарана од…

Пратеничката и известувач на Европскиот парламент за…