ЕУ не ја сакаат Теута: Предлогот на Владата за амбасадор во Унијата доби црвен картон

t

Прелогот на Владата за амбасадорка во ЕУ, во Брисел, да биде испратена Теута Арифи доби црвено светло. Не го поминал филтерот на Европската Унија, пренесува МКД.мк.

Поранешната градоначалничка на Тетово, во март, оваа година беше предложена за амбасадорка во ЕУ. Претходниот план на владеачката коалиција Арифи да биде испратена како амбасадорка во САД не ги помина филтрите на Стејт департментот во Вашингтон. Молкот од Вашингтон за ваквото кадровско решение, во македонското МНР било разбрано како несогласување.


По мартовската владина одлука, опозициската партија Алијанса за Албанците побара Европската Унија да ја одбие акредитацијата за Теута Арифи.

„Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети“, изјави Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: Војната во Украина може да поттикне…

Војната во Украина би можела да доведе…

Има надеж и за Македонија, Борел: ЕУ…

Шефот на  европската дипломатија,  Жозеп Борел, изјави…

Литванија ќе продолжи да го блокира Калининград

Јасно ѝ кажав на претседателката на Европската…

На Украина им се брза: Зеленски бара…

Украина прифатила дека членството во НАТО повеќе…

Унгарија смета дека брз прекин на огнот…

Унгарија повика на итни мировни преговори за…