ЕУ се пишмани: Помошта за Палестина не е прекината

Европската Унија ја смени најавата на својот еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји дека „веднаш“ ќе биде суспендирана помошта за развој на Палестинците по нападот на Хамас врз Израел.
Наместо тоа, ЕУ соопшти дека итно ќе разговара за таа тема.
-Во моментов нема да има прекин на плаќањата се вели во соопштението на Европската комисија.
Тоа доаѓа пет часа откако еврокомесарот Оливер Вархеји рече дека сите плаќања од програмата за развој за Палестинците „веднаш ќе бидат суспендирани“.
Засега не е дадено објаснување за пресвртот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…