Објавено на:

ЕУ тврди дека Русија извела кибернетички напад непосредно пред нападот на Украина

t

Речиси три месеца откако Русија ја започна, како што Москва официјално ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина, Европската унија во вторникот ја обввини Руска дека наводно извела кибернетички напад врз соседната земја, еден час пред почетокот на инвазијата.

„Кибернетичкиот напад се случил еден час пред руската со ништо предизвикана и неоправдана инвазија врз Украина, на 24-ти февраури 2022 година, со што е олеснета воената агресија“, се наведува во изјавата која во името на 27-те земи од ЕУ ја дал високиот претставник за надворешната и безбедносна политика Жозеп Борел.

Во изјавата не се понудени никакви докази и прецизирања за начинот на извршениот кибернетички напад.

„Овој кибернетички напад имал значително влијание, предезвикувајќи неселективни прекини во комуникацијата на јавните тела, претпријатија и поединци во Украина, а зафатил и неколку држави членки на ЕУ“, се тврди уште во изјавата.

Борел на пресп-конференцијата рече дека ова е првпат ЕУ отворено да го обвинува руските власти за кинернетички напад. Досега ЕУ секога говереше дека кибернетичките напади наводно доаѓале од Русија, но не ги припишуваше на руските власти.

„Овојпат можеме да го припишеме на руската влада“, рече Борел.

Во заедничката изјава се вели дека ЕУ „во тесна соработка со своите партнери“ има намера да донесе нови мерки „за да е спречи, обесхрабри и одврати Рсија од такво злонамерно однесување во кибернетичкиот простор“.

Се додава и дека ЕУ ќе продолжи да пружа „политичка, финанска и материјална помош во коориднација со Украина поради јакнењето на нејзината отпорност на кибенретички напади“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко: Ако им треба помош на нашите…

Зборувајќи за време на државната посета на…

Еден гол му беше доволен на Интер…

Бранителот на пехарот во Купот на Италија,…

Заврши седницата на ИО на СДСМ: Еве…

(Интегрален текст од изјавата на Богданка Кузеска,…

(Видео) Грев е ова што ѝ го…

Грев е тоа што ѝ го прават…

(Видео) Ангелов ексклузивно за Инфомакс: На следните…

Доколку на наредните избори не добиеме 100%…