ЕУ ќе ја парализира централната банка на Русија – Како ќе се изведе тоа и што ќе значи за економијата?

Европската унија, заедно со САД, Велика Британија и Канада, ќе ги замрзне средствата на Централната банка на Русија и ќе им забрани на руските бизнисмени да ги користат нивните средства на европскиот пазар, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Ќе го парализираме имотот на Централната банка на Русија. Тоа ќе доведе до замрзнување на нејзините трансакции и ќе го спречи користењето на нејзиниот имот“, рече таа.
„Ќе работиме на тоа да им забраниме на руските олигарси да ги користат нивните финансиски средства на нашиот пазар“, додаде Фон дер Лајен.
Соединетите држави, Европската унија, Велика Британија и Канада објавија заедничко соопштение во кое се наведува дека се договориле да воведат заеднички мерки против Централната банка на Русија.
„Се договоривме да воведеме рестриктивни мерки што ќе ја спречат Централната банка на Русија да ги користи своите меѓународни резерви за да ја израмни ефективноста на нашите санкции“, се вели во соопштението.
Претходно, германската влада објави дека сите руски банки кои се санкционирани, а потенцијално и другите руски банки, ќе бидат исклучени од меѓународниот платен систем SWIFT.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров удри по ЕУ: Нацистите ќе влезат…
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предлага…
Кадиров “воскресна”: Жив и здрав сум!
На официјалниот Телеграм канал на чеченскиот лидер,…
Шојгу: Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа…
Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа највисоко…
Мејер: САД, ЕУ и партнерите инвестираа милиони…
Претставници на 36 јавни претпријатија од Скопскиот,…
Москва: Воените вежби на НАТО се подготовка…
Планираните воени вежби на НАТО во 2024…