Жарко од Пука козметика: Измеќрлукот и среброљубието има да ги уништи затоа што на нас ни е прекипено!

t

Борба и Аманет

Последниве години сум духовно надразнет и максимално разочаран од сите предавства кои ги доживуваме, разочаран сум од сите, а најнапред од домашните предавници и западно властелинските марионети. А што друго да се очекува од интересџии и саможивници испосоросоидени и произведени во бројлерите на над (читај не) луѓето, кои своите гадни планови ги кројат со векови. Кај нив се е испланирано од десетлетија, години, месеци, денови, часови се до последната секунда, но во нивните пресметки оставаат процент на варијабилност кој може да ги поремети нивните расипани замисли. Јас себе си се сметам за дел од тој процент и ако бидете и вие на страната на добрината, нивните пеколни планишта се распаѓаат и тие тргнуваат да ги елиминираат противниците, а досега немаа можност да се соочат со непомитливи, безкрупулозни и безкомпромисни добри луѓе. Емпатијата, солидарноста и сомилоста се карактеристики за кои нема место во трулиот капитализам, кој наметнува луда трка за неброени богатства на мал број на паропомазани, себични, алчни и егоистични избраници, кои со тотално пореметена реалност, забораваат дека и тие и ние сме луѓе.

Измеќрлукот и среброљубието има да ги уништи затоа што на нас ни е прекипено, подготвени сме за одлучен бој без разлика на исходот да му ставиме крај на фашизмот и нивниот светски поредок. Нека отвараат фаши-клубови во секое место по Македонија истото го правеа и нивните предци за време на пропагандите, ги поткупуваа алчниците и слабите на дух и ги купуваа за своите прљави игри, но пак вистинските македонци преживеаа и опстојаа на своето. Моќта е во народот, но ајде да си признаеме дека голем дел од нас сме летаргични, дефентистични, незаинтересирани, партијашки ухлебани, аполитични, плашливи и саможивни. Кој е иљачот и каков е излезот? Има ли светло на крајот од тунелот? Што ни е најпотребно?

Почнувам да одговарам од последното прашање заради тоа што, тоа е најважно. Според мене, најважно е да имаме лидери кои можат да повлечат квалитетна критична маса, која би пораснала во масовно движење. Имаме ли такви? Да го имаме Димитар Апасиев, го имаме Хактан, ја имаме Јована го имаме президиумот на Левица, Ц.К. како и секој член на партијата доволно храбар да пркоси на марионетите и нивните господари, не имате и нас Близнаците. Иљачот е поголема и помасовна поддршка на изборите за Левица, затоа што само партија може да победи партија и не било каква партија, туку народна, солидарна, емпатична, добра партија( колку и да звучи оксимороно сепак е така), партија за која АСНОМ и ИЛИНДЕН се на пиадесталот, која пркоси на гладот и се бори против неправдите. Левица го менува процентот на варијабилност на нивните зли планови и затоа се впуштаат да ја елиминираат, дискредитираат, уништат, но нема да успеат, ние сме чисти и потготвени за револуција. Светлото на крајот од тунелот се зголемува и когаш тогаш има да ја осветли Македонија.

Многу пати сум кажал и јавно дека сум потготвен да му пресудам на секој кој ќе не предаде и ќе го предаде нашиот аманет – Македонија да стане земја на среќни задоволни и добри луѓе, меѓународно почитувана, економски силна и независна!!!

Во Борба македонски народе!!! Кога ако не сега, додека се кршат секирите и иднината е неизвесна.

Почнуваме да чистиме од подземното до небесното!!!

Има да победиме!!!

Смрт на фашизмот – Слобода на народот!!!!

Сполајви на сите што ова би го разгласиле, затоа што ова беше една грутка која ми тежеше и морав да ја споделам!!!

Фејсбук статус на Жарко Масларковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рано утрово земјотрес ја погоди Хрватска

Ноќеска во 2 часот и 3 минути…

Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница…

За денеска во Основниот суд во Тетово…

Денеска македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда…

Под покровителство на министрите за надворешни работи…

Добро утро со Инфомакс: Додека го вардиме…

На денешен ден, 7 декември, во 1993…

Денеска се празнува Светата великомаченичка Екатерина

Ќерка на царот Конста. По смртта на…