Жена од Гостивар која собирала донации за лекување измамена за 380 евра

t

Жена од Гостивар била измамена за 380 евра од едно лице.

– На 30.12.2024 во 17.30 часот во ОВР Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 380 евра. Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари. Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден не одговарал на нејзините повици, по што сфатила дека била измамена, соопштија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: На погребот во Кочани да бидат…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во…

Во знак на сочувство и сеќавање на…

ЛДП бара итна контрола и во градинките,…

Не може да се најдат вистинските зборови…

МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…

Поворката со посмртните останки на загинатите од…

Илјадници луѓе во Софија со митута молк…

Илјадници синоќа со едноминутно молчење во Софија…