Жителите пресреќни: Белгиската полиција протестира против Владата, еден месец нема да пишува казни!

t

Четири полициски синдикати најавија дека од 15 декември до 15 јануари се бара полицајците да ги сведат казните на минимум во знак на протест против владата.

Синдикатите бараат од полицајците да одговорат на „нерепресивен начин” во случај на прекршување од страна на автомобилистите, како и да ги намалат контролите за присуство на алкохол во крвта на возачите.

Овој протест е одговор на владината одлука за реформа на пензиите во полицијата како и укинувањето на покачувањето на платите на полицајците.

Доколку не добијат задоволителен одговор полицајците најавија дека ќе продолжат со слични акции ако треба до 2024 година, јавија белгиските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгиското обвинителство истражува наводна корупција во Европскиот…

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица…

„Ауди“ затвора фабрика за автомобили во Белгија

„Ауди“ денеска ја затвора својата фабрика во…

Постигнат договор за формирање нова Влада на…

Петте партии кои преговараат за формирање нова…

Белгија насилно ќе депортира мигранти од Авганистан

Белгија подготвува план за насилно враќање на…

Двајца осомничени за напад на полицајци во…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…