Жолт картон од студентите за МОН: „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“

t

 „Дали е ова 1939?. Без образование нема држава!“, „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома“, „Тука сме за да не ти биде џабе учењето“, „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“, се дел од пораките  транспарентите од студентскиот марш што се одржа вечерва во Скопје.

Маршот почна пред зградата на Владата, од каде студентите се упатија пред зградата на Министерството за образование, каде беа упатени пораки да им се овозможат услови и стандард како што заслужуваат, а за што, како што беше речено, нема компромис. Дел од студентите пред зградата на МОН оставија  ливчиња „жолти картони“ со пораки и примероци од студентски оброк.

-Колку квалификувани и образовани кадри треба да си заминат за да се освестите? Борбата која ја водите со нас знаете ли каков исход има? Студентското будење е предвесник на многу општествени промени. Се надевам дека во иднина ќе имеме подемократски законодавен дом, рече Милица Давчева од движењето „Студентски отпор“, во говорот на собирот пред МОН.

Организатори на маршот што се одржа по повод Меѓународниот ден на студентите се универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Тие се обединија, како што велат, за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.

Фото: РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Ковачевски-Бетел: Луксембург силно ја поддржува Македонија…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар…

Џабе го дадовме името?! Димитров: ЕУ не…

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи…

Османи: Уставните измени што побрзо да станат…

Уставните измени треба што побрзо да станат…

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…