Жртвите на предаторот Епштајн ја тужат Дојче банк, мора да им плати 75 милиони долари
Тужбата ја поднела неименувана жена, тврдејќи дека Дојче банк продолжила да работи со Епштајн, и покрај тоа што знаеле дека неговите сметки се користат за злоупотреба.
Тужителката, која во судските документи анонимно се нарекува „Џејн До“, во ноември минатата година во Њујорк поднела колективна тужба во име на себе и другите жени, наводно злоупотребувани од покојниот американски финансиер. Таа тврдеше дека банката „избрала профит наместо усогласеност“, бидејќи знаела дека „ќе заработи милиони долари од олеснувањето на трговијата со секс на Епштајн“.
Жената во тужбата тврдела дека Епштајн ја продавал за секс 15 години, почнувајќи од 2003 година, кога се преселила во Њујорк. Во тужбата се наведува дека Епштајн ѝ се обратил на банката по раскинувањето на деловните односи со ЈП Морган околу 2013 година, пишува Би-Би-Си.
Се додава дека „банката не ги испитала темелно трансакциите на сметките за видовите активности поврзани со минатото на Епштајн, иако го класифицирала Епштајн како клиент со висок ризик“. Се очекува трансакцијата да се искористи за исплата на отштета на десетици жени.
Едвардс Потингер, една од адвокатските канцеларии кои ја застапуваат неименуваната жена, изјави за Би-Би-Си дека тоа е „веројатно најголемата спогодба за сексуална трговија во историјата на САД во која е вклучена банкарска институција“.
Дојче банк претходно побарале да се отфрли тужбата. Дилан Ридл, портпарол на банката, денеска одби да коментира за спогодбата, но рече дека „постигна значителен напредок во решавањето на голем број прашања од минатото“. Да потсетиме, Епштајн си го одзеде животот во затворска ќелија на 10 август 2019 година, додека го чекаше судењето по обвинение за сексуална трговија со малолетници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…