Забраната за извоз на оделни житарици и сончогледово масло продолжена до 15 мај
На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
Согласно оваа одлука и во наредните 30 дена до 15 мај 2022 година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.
Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.
-Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените„ напиша министерот Бектеши.
Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни пожари во Македонски Брод, Охрид, Новаци,…
Вкупно 29 пожари на отворено имаше во…
Во Киев е фатена сметководителка со милиони…
„Жената не можеше да го објасни потеклото…
Температурите ќе скокнат, нов топлотен бран во…
Под влијание на многу топла воздушна маса…
Вреди: Гаши како втор човек во државата…
Коалицијата „Вреди“ смета дека нема никаква одговорност…
Блинкен: Испраќаме значителен пакет со многу потребна…
Американскиот шеф на дипломатијата Ентони Блинкен најави…