Заврши зимскиот распуст: Учениците од утре се враќаат на настава

t

За основците и средношколците завршува зимскиот распуст и од утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година.

Распустот беше продолжен со одлука на Владата заради функционалност на училиштата и второто полугодие наместо на 18 јануари почнува утре.

Најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни (петок) затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.

– За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Има три работни наставни денови и не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири минатата недела

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…

Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…

(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…

Несомнено е дека за депортацијата на македонските…

Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…

Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…

Најмладиот пациент во Македонија што оди на…

Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…

Од денеска до недела ќе се одбележуваат…