Објавено на:

Заврши разговорот меѓу Путин и Бајден, на дневен ред беа рaстечките тeнзии околу Украина

t

Американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин разговарале по втор пат овој месец, а на дневен ред беа растечките тензии околу Украина, соопшти Белата куќа.

-Разговорот завршил по 50 минути, се додава во соопштението на американската администрација.

Повикот, инициран од Путин, започнал во 21.35 часот по средноевропско време.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно потврди дека разговорот меѓу двајцата лидери започнал навреме.

-Страните ќе продолжат да разговараат за прашањата покренати на последната видео конференција, а ќе се осврнат и на темата за безбедносните гаранции. Целта на разговорите е „да се постигне компромис, имајќи ги предвид принципиелните меѓусебни позиции“, посочија во Кремљ.

На 7 декември Путин и Бајден разговараа исто така преку видео врска, а разговорот траеше два часа и пет минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги притискаат и Србија и Косово:…

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска…

Стоечки овации на говорот на Зеленски во…

Со стоечки овации беше поздравен говорот на…

Експерти за дезинформации во канцелариите на ЕУ…

Повеќето од неодамнешните кампањи на Русија се…

(Видео) Володимир Зеленски пристигна во Лондон: Планирана…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е во…

Протераниот Медведчук: Зеленски е казна за Украина…

Володимир Зеленски е казна за Украина и…