Завршната сметка на Буџетот за 2021 година на седницата на Комисија за финансирање и буџет
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја разгледува Предлог – завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2021 година, со Конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на усогласеност на Основниот буџет на Република Македонија за 2021 година.
Заменик министерот за финансии Филип Николовски истакна дека во 2021 година бруто-домашниот производ забележа раст од 4 проценти на реална основа, што е во рамки на предвидувањата. По падот од 1,8 проценти во првото тримесечје, економската активност забележа висок раст од 13,4 проценти во второто тримесечје, проследен со раст од 3 проценти и 2,3 проценти во третото и четвртото тримесечје, соодветно. Растот на домашната економија во 2021 година е одраз на подобрената епидемиолошка состојба и мобилност, поповолното меѓународно опкружување, помалата воздржаност за потрошувачка и владините мерки за поддршка на економијата.
Економскиот раст во 2021 година главно се должи на поволните движења во услужниот сектор, каде активноста е зголемена за 5,2 проценти. Растот во услужниот сектор е на широка основа, придвижен од дејностите трговија, транспорт и угостителство, кои забележаа раст од 14 проценти, следен од информациско-комуникациската дејност со раст од 3,2 проценти. Активноста во индустрискиот сектор е намалена за 1,3 проценти. Сличен пад забележа и земјоделскиот сектор, додека градежната активност се намали за 3,8 проценти.
Зголемена е и домашната побарувачка, во услови на закрепната приватна потрошувачка и инвестиции. Приватната потрошувачка се зголеми за 5 проценти, што ги отсликува поволните движења кај дознаките, солидниот пораст на платите, државната помош и кредитната поддршка. Јавната потрошувачка забележа раст од 4,1 процент. Растот на бруто-инвестициите изнесува 9,2 проценти, во услови на зголемени странски директни инвестиции, пораст на увозот на инвестициски добра и на буџетските капитални расходи.
-Извозот на стоки забрзано се опорави во текот на првата половина од годината и продолжи со умерено темпо во второто полугодие, со што извозот се зголеми за 19,8 проценти на номинална основа, во услови на раст на надворешната побарувачка, рече заменик министерот.
Увозот на стоки и услуги забележа раст од 26,9 проценти, придвижен главно од зголемениот увоз на интермедијарни производи, во услови на силен пораст и на увозните цени. Како резултат на ова, трговскиот дефицит, согласно очекувањата, беше проширен во однос на 2020 година.
Приливот на странски директни инвестиции имаше забележителен раст, со што ги надмина очекувањата и достигна 4,4 проценти од БДП.
Стапката на инфлација во 2021 година изнесува 3,2 проценти.
Пратениците од опозицијата во дискусијата по завршната сметка се осврнаа на она што, според нив, било ветено и планирано, а не било реализирано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција предлага противник на Договорот од Преспа…
Портпаролот на Владата го објави предлогот за…
ДУИ со реакција: Вреди уште еднаш покажа…
Од ДУИ денеска реагираат на прес конференцијата…
Колку ќе чинат Смедеревката и Вранецот? МЗШВ…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска…
(Видео) Владата на Мицкоски се правда –…
Владата ја демантира албанската телевизија „Топ Чанел“…
Екс-министерот направи потег без преседан! Се што…
Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на…