Завршни зборови во случајот „Меѓународен сојуз“
Странките во кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ денеска во Основниот Кривичен суд – Скопје е предвидено да ги дадат завршните зборови.
Судењето за овој случај го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Рускоска.
Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски-Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари“. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Обвинетата Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.
Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Македонско девојче“ ечеше на прославата на…
„Македонско девојче“ беше една од песните со…
Пронајдени телата на сите загинати во авионската…
Властите во Бразил потврдија дека се пронајдени…
Шпанската полиција заплени кокаин поврзан со балканскиот…
Нуркачи од шпанската цивилна гарда и членови…
Дачиќ за вчерашниот протест: 14 лица се…
Министерот Ивица Дачиќ рече дека по протестот…
Портокалова фаза во Македонија: Температурите одат над…
Под влијание на многу топла воздушна маса…