Завршни зборови на обвинителството во „Меѓународен сојуз“: Заев само дал поттик, но немало конкретна соработка

t

Се докажа дека обвинетите ги сториле делата за кои се товарат. Нешто што навистина почнало како хуманитарна организација се претворило во нешто друго. Првообвинетиот Бојан Јовановски не случјано избрал за соработници Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Фросина Ременски, кои имале големо влијание, истакна застапникот на обвинението Трајче Пеливанов на завршните зборови во случајот Меѓународен сојуз.

Според него, оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзоски биле измамени од страна на Бојан Јовановски дека ќе се градат домови за возрасни лица велејќи им дека ќе обезбеди државно земјиште иако знаел дека тоа не може да го обезбеди, но и натаму им земал пари.Тоа јасно му го предочиле и тогашните градоначалници на Карпош и Битола.

Јовановски се обидел да го измами и Орце Камчев убедувајќи го да влезе во проект за изградба на трговски центар, но сведокот не бил заинтересиран – објасни обвинителот.

Според него, обвинетите се обидувале да остават добар впечаток во јавноста за да извлечат што повеќе пари од оштетените.

Пеливанов проговори и за средбите на Јовановски и тогашниот премиер Зоран Заев.

Тогашниот премиер само дал потик за соработка но не дека имало конкретна соработка – вели Пеливанов.

Според обвинетиот, оштетените имале сигурност во проектот поради Ременски, која тогаш имала функција потпретседател на Собранието и на СДСМ.

Раменски влевала доберба дека зад проектите на Јовановски стои власта, убедуваше Пеливанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се формира совет за унапредување на образованието…

Министерството за образование и наука согласно направените…

Три лица повредени во сообраќајка кај Муртино:…

Три лица се повредени во сообраќајка која…

(Видео) Големи експлозии во воздухопловна база на…

Експлозии од големи размери и детонации со…

Столтенберг ги осуди ракетните тестирања на Северна…

НАТО упати критики кон Северна Кореја поради…

Апасиев: Шупаци корумпирани! Наместо да му ги…

Денешниот постигнат договор значи дека ЕСМ има…