Завршува првото полугодие, учениците од утре на зимски распуст

t

Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2021/2022 година и од утре, 31 декември, се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2022.

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со КОВИД-19 и натаму е стабилна иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите ја бојкотираа наставата: НЕ САКАМЕ децата…

Родителите на учениците од ООУ „Тодор Јанев“…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

СТРАШНО: Ученици од Хрватска фотографирани како користат…

За време на неодамнешната посета на Вуковар,…

Тетовските основци се дрогираат и проституираат, да…

Во тетовските училишта се продава  и консумира…

Дојдете утре пред училиште, ќе ви покажам…

Ученик од Основното училиште „Солина“ во Тузла…